Top
zenite vo seksot

Жените открија што сакаат во креветот

Кога е сексот во прашање, мажите постојано се обидуваат да дознаат што сакаат жените. Секоја жена има различни желби, а ако ги следите овие универзални правила, вашата партнерка ќе биде задоволна.

Бакнувајте ја
Бакнувањето е интимен, личен и страствен чин и со него може да се каже многу. Жените обожаваат вистински бакнежи. Започнете да бакнувате бавно и нежно, следете ги нејзините реакции и ќе знаете што понатаму.

Предиграта нека започне надвор од спалната соба
Многу мажи не разбираат дека најголемата ерогена зона е токму мозокот. Жената може да ја возбуди поглед, изјава, заведување, таа сака да се чувствува посакувана, а за сето тоа не е потребно да се наоѓате во спалната соба.

Преземете ја контролата
Жените сакаат во спалната соба партнерот да ја преземе контролата, но тоа не смее да биде грубо. Под преземање контола се мисли мажот да биде самоуверен, шармантен, заводлив, да ја почитува партнерката и нејзините желби.

Орално задоволство
Истражувањата покажуваат дека 75% од жените никогаш не постигнуваат оргазам со пенетрација. На жените им треба стимулација на клиторисот: орален секс, стимулација со прстите или секс играчки.

Нека се чувствува посебно
Жените сакаат да се чувствуваат посебно и посакувано. Некои жени сакаат да уживаат во масажа, некои сакаат кога мажот се труди да научи се за да задоволи, на некои жени им треба разговор. Не заборавајте да и дадете до знаење колку ви значи, и покажете го тоа со дела.

Динамика на движењата
Некогаш жените сакаат бавен и нежен секс, а некогаш им треба секс на брзина. Поголемиот дел од нив се жалат дека сексот им е пребрз и прекраток. За да постигнете обострано задоволство, потребно е да се потрудите. Истражувајте, експериментирајте, разговарајте.

Нека ја преземе и таа контролата
Моќта може да биде голем афродизијак, а некои сакаат да ја имаат во свои раце.

Секс во јавност
Самата помисла да бидете фатени „на дело“ на некои жени им е многу привлечна. Не мора тоа да биде секс во јавноста со голем ризик да бидете фатени. Некои жени откриваат дека понекогаш е возбудливо да не носат долна облека во јавноста, а особено ако знаат дека тоа го пали партнерот.

Соблекувајте ја бавно
Многу често паровите брзо преминуваат на главното. Иако можеби во прашање е страст, понекогаш е пожелно да се оди пополека и да се ужива во секој момент. Заведете ја бавно, соблечете ја бавно и нека вашите раце и бакнежи полека преминат на тоа што следува.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>