Top
posle seks_iLike,mk

Најголемите грешки после сексот

За време на сексот сите размислуваме за тоа како да дојдеме до задоволство и како да го натераме партнерот да го доживее она што искрено сакаме да му го подариме – врвно задоволство. Но, многу луѓе не размислуваат за своите постапки после сексот, бидејќи го прават потсвесно. Во продолжение неколку најчести грешки кои ги правиме после сексот.

Заспивање веднаш
Речиси секој човек против спиењето е речиси немоќен, но да заспиете неколку минути откако сте завршиле е чиста офанзива за партнерот. Да не зборуваме дека кај некои истото се случува и додека трае сексот.

Одите кон бањата веднаш после секс
Сигурно во креветот не сте се извалкале со нешто. Не трчајте веднаш кон бањата, барем не веднаш штом завршите со галење. Што би помислил партнерот ога ќе види дека веднаш сакате да го измиете неговото присуство на вашата кожа? Брзањето кон тушот е една од најголемите грешки после секс, која може да го натера партнерот да се откаже од сексот со вас.

Веднаш се јавувате на пријателка
Зошто би ѝ се јавиле на пријателка веднаш после сексот наместо да продолжите да се галите во креветот? Дали ќе бидете среќни ако видите како тој го фаќа телефонот и ѕвони на сите свои пријатели да се пофали и да раскажува детали?

Се фаќате за работа
Ако правите така, веројатно ќе изгледа како да сте со него само поради сексот. Оваа реакција зборува дека човекот со кого сте е само една играчка за вас и дека не му придавате особено значење. Признајте си дека е така. Ако беше поинаку, веројатно немаше да реагирате на овој начин.

Одите да спиете на троседот
Замислете да имате секс во спалната соба или на некое друго место во станот. Потоа партнерот сака да се милува некое време или само да заспиете еден до друг. Вам не ви се прави ниту едното од другото, затоа одите во дневната соба да погледате телевизија. Погодете како се чувствува партнерот по оваа груба грешка, која си игра со неговите чувства.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *