Top
Женски особини кои ги одбиваат мажите

Женски особини кои ги одбиваат мажите

Жените честопати несвесно знаат да избувнат и со тоа да почнат полека да го одалечуваат мажот од нивниот живот. На мажите најважно им е подобрата половина да биде нежна, женствена и добродушна. Но, многу жени ги занемаруваат овие особини. Покрај тоа, тие уште додаваат “масло на огнот” со многу постапки поради кои мажите бегаат. Во прилог неколку топли совети со цел да ги избегнете непријатните ситуации.

“Лигавење” во јавност
Малите слатки надимаци, како што се “злато”, “душичке”, “срце” и тоа сето дозирано со лигавење посебно пред неговите другари верувајте дека е одбивно. Тие зборови чувајте ги додека сте сами вие двајца, а додека сте во јавност изговарајте го неговото име или прекар кој го употребуваат неговите другари, па така и вие самите ќе се почувствувате како дел од неговото машко друштво.

Гушење со пораки и повици
Постојано праќање пораки и постојаното вртење на неговиот телефон може да биде една од главните причини поради која ќе му здодеете. Никој не сака додека е во друштво да “виси” на телефон, но и не е културно за останатите. Со вакво гушење покажувате дека сте очајни, па затоа држете се подалеку од телефонот.

Постојана песимистка
Со сарказмот и иронијата некогаш можете да оставите впечаток на опуштена и интелигентна личност, но ако постојано ги употребувате и ги поминете границите на нормалното, за многу кус период повеќе нема да бидете интересни. Расположете се! Тоа е најдобар начин заеднички да уживате. Ни вие самите не сакате секојдневно да слушате песимист, зарем не?

Пцуете
Пцуењето е дозволено само кога имате силно оправдана причина, во други случаи никако! Вие сте девојка која мора да внимава како се однесува, па макар и во долгогодишна врска.

Лоша хигиена
Ако сакате да привлечете маж, морате да бидете негувана. Тоа значи дека треба да имате убав парфем, нозе без влакна, испеглана облека, чиста коса и нокти, уредна шминка. Да, листата е долга, но секоја сериозна жена знае добро да се носи со сите овие обврски.

Глумите недостапна
Добро е да имате самодоверба и да сте свесни за своите вредности, но мажите не сакаат да играат игри. Ако некој ви се допаѓа, пронајдете начин тоа да му го покажете. Со глумењето недостапна девојка може да помисли дека не сте заинтересирани и засекогаш да си замине од вашиот живот.

Претерана шминка
Лицето ви изгледа како да ве шминкало 5-годишно дете! Еден тон пудра, јака сенка и пренагласени усни? Со оваа појава никогаш нема да привлечете маж. Секој сака природен изглед или барем малку шминка, но да биде внимателно усогласена. Ако сакате да ги истакнете очите, на усните ставете безбоен кармин и обратно. Доколку сакате да ги нагласите усните, очите нашминкајте ги минимално.

Разгалени сте
Вистинскиот маж кој сака, знае да ѝ угоди на својата девојка, но доколку сте толку разгалена што не се помрднувате од место, само ќе го изморите и нема воопшто да му биде забавно со вас.

Не се смеете
Насмевката не само што е добра за вас и за вашата самодоверба, туку ве прави и попривлечни. Мажите сакаат да бидат со среќни жени, а смеењето е најлесен начин да оставите добар впечаток.

Многу озборувате
Од време на време, секој озборува па дури и мажите, но треба да бидете свесни дека никој не ги сака главните озборувачки. Ако партнерот ги знае сите точни информации за секоја девојка од градот, нема да ви верува и многу брзо ќе сака да расчисти со вас.

Автор: Ивана Витановска




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>