Top
laga

Женски лаги од кои никој маж не е поштеден

Без разлика дали лагите се безопасни или имаат моќ многу да повредат, тие се секојдневние во секоја љубовна врска. Направени се бројни истражувања за женските лаги, за тоа колку жените лажат и за што лажат. Една студија открива дека 95% од жените ги лажат своите партнери дека им се допаѓа дарот кој го добиле од нив, a меѓу честите лаги е и онаа кога го убедуваат партнерот дека бил совршен во креветот.
Најинтересната статистика вели дека 3/4 од жените кои лажат веруваат дека нивниот партнер никогаш не би им го направил истото.

„Бев со ХХХ мажи пред тебе.“
Жените чувствуваат силен притисок во друштвото и сакаат да имаат чисто сексуално минато, па често лажат за бројот на мажите со кои спиеле. Жените испитани на детектор спиеле со двојно повеќе мажи отколку што кажале.

„Навистина не знам каде ти е омилената маица!“
Некогаш дури и се колнат дека не ја виделе омилената маица на партнерот, ниту пак дека ја фрлиле. Секоја жена понекогаш знае да направи мала интервенција во плакарот на партнерот и да отстрани дел од неговата гардероба, особено ако станува збор за стари, избледени маици.

„Пијам анти-беби пилули. Не грижи се!“
Истражувањата покажуваат дека една третина од жените, во случај кога нивниот партнер вели дека не сака да има деца, ги лажат дека користат контрацепција како би забремениле.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>