Top
zapovedi_za_srekna_vrska

Заповеди за среќна врска

Несогласувањата и караниците се составен дел на секоја врска, но таа може да биде совршена ако и двајцата партнери подеднакво учестуваат во исите. Да се признае грешката, да се замолчи во вистинско време или пак да се биде љубезен кога имате убав ден, понекогаш е тешко, но за сè постои решение. Во продолжение прочитајте 10 заповеди со чија помош резултатот ќе биде среќна врска.

  • Можете да бидете лути еден на друг, но никогаш во исто време. 
  • Не викајте еден на друг.
  • Ако нечии агрументи треба да победат, тоа нека бидат аргументите на другите.
  • Ако сакате да му упатите критика, нека биде тоа на најбезболен начин.
  • Никогаш не ги споменувајте грешките од минатото.
  • Подобро занемарете го целиот свет, отколку партнерот.
  • Не заспивајте пред да ги решите несогласувањата.
  • Секој ден кажете му барем еден убав збор на својот партнер.
  • Ако сте виновни, бидете подготвени да ја признаете грешката и да кажете „Прости ми“.
  • За караница се потребни двајца, а најчесто е виновен оној кој е погласен.

За крај, запомнете дека толеранцијата, чесноста и попустливоста се важни карактеристики кои гарантираат среќна врска.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *