Top
raskinuvanje

Забранети нешта после раскинување

После раскинувањето, нормално е од глава да не ви излегува ниту неговиот лик, ниту вашата омилена песна, ниту местата на кои што сте оделе заедно. Но, не грижете се, бидејќи не сте ниту прва, ниту последна којa поминува низ тој тежок период после раскинувањето. Сепак треба да останете доследи на себе и да си ги забраните овие четири нешта кои во никој случај не смеете да ги направите.

Не му се јавувајте секогаш кога ќе помислите на него!
Ако постојано низ вашата глава поминува вашиот поранешен не треба да бидете загрижени, тоа е нормално бидејќи има толку многу работи кои ве потсетуваат на него. Можеби тоа е песната со која ви ѕвонеше тој на телефон, некој подарок од него, последниот филм кој го гледавте заедно или пак вашиот колега почнал да го користи истиот парфем кој го користел и тој. Не смеете на секое помислување на него го барате на телефон, бидејќи тоа ќе биде вистинско демнење и лудило.

Не ги споделувајте вашите емоционални драми на социјалните мрежи!
Можеби мислите дека постирате и пишувате „кодирано“, сите знаат точно за што зборувате. Статусите и песните кои му ги посветувате нему, прават да изгледате како да не сте продолжиле понатаму, а и дека нема да го сторите тоа во блиска иднина.

Не барајте утеха во друг маж!
Можеби не сте навикнати да не бидете дел од двојка, но прво дозволете му на телото да се одмори бидејќи само така ќе имате добри шанси вашата наредна врска да потрае.

Не пробувајте да бидете „само пријатели“ веднаш!
Немојте веднаш по раскинувањето вие да бидете иницијатор за пријателство со вашиот поранешен партнер. Не е лошо да останете добри пријатели, но прво разбистрете ја вашата глава и вашите чувства.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>