Top
raskninuvanje

Зошто најмногу врски се прекинуваат во есен?

Се вративте од летувањето, свежи и одморени. Но, секојдневието е многу помотоно и постресно од деновите поминати на плажа, покрај вода.
Постојано во глава ви одекнуваат прашањата: „Дали ова е секојдневието кое сакам да го живеам?“, „Дали тој/таа е мојот вистински избор?“, „Дали ме исполнува?“.

Според псхолозите, ова се причините за промени во вашето размислување и ставови во врска со вашиот љубовен статус, токму под влијанијата на есента:

ГОРДЕЛИВОСТ
Горделивоста најчесто е сигурен предзнак за прекин на врската. Но, не избрзувајте. Направете список што добивате, а што губите доколку ја прекинете врската со вашиот љубовен партнер. Во секоја врска, и двете страни треба да се чувствуваат сакано, да им биде посветено внимание, да се чуувствуваат рамноправно и достоинствено.

АГРЕСИВНОСТ
Доколку вашиот партнер е агресивен, емотивно или физички, тоа е доволен фактор да ја прекинете врската, без многу размислувања.

ИГНОРИРАЊЕ
Доколку вашиот партнер не ви посветува внимание, размислете добро и кренете “црвено знаменце”. Доколку не ги прифаќа вашите планови, ги видоизменува, не одговара на вашите телефонски повици или пак не враќа на пораките, не губете враме залудно. Прекинете ја врската.

НЕ Е ТОЈ/ТАА ВИНОВЕН/ВИНОВНА, ВИЕ СТЕ
Емотивните недостатоци и хендикепи на љуѓето многу тешко се менуваат. Има луѓе кои мислат само на себе, скржави се и ќе бидат до вас се додека имаат некаква корист. Доколку не се вклопувате во нивниот шаблон, ја губите играта. Тие никогаш и за ништо не се виновни!! Не сакаат да дискутираат, правдаат или да даваат комплексни објасувања со кое нивно однесување ве повредиле. Едноставно, гајле им е. И навистина, доколку не сакаат и немаат време да ве сослушаат, не инсистирајте да им ги сервирате на послужавник вашите мисли и чувства. Психолозите за ваквиот тип на луѓе, на шега ќе речат: “купете им инвалидска количка за неемотивци”.

НИШТО НЕ СФАЌА
Доколку на неколку наврати залудно се обидувате да го свртите вниманието на вашиот партнер и да му ги предочите нештата кои ви сметаат, кренете „црвен картон“. Исто така, доколку партнерот не го прифаќа вашето извинување, не разговара отворено за проблемите во вашата врска и за нештата кои ве мачат, поставува невозможни цели, а за возврат не нуди ништо, време е да ја прекинете врската. Тој/таа не сфаќа и веројатно никогаш нема да сфати.
Едноставно, затворете им ја вратата и не одговарајте на нивните повици.

Во прилог, прочитајте го мислењето на Ема (30 години) која ја прекинала нејзината врска минатата есен.

Ема изјавува: „Да бидам искрена, шест месеци пред јас и мојот партнер да ставиме дефинитивен крај на нашата врска, претчувствував што ќе се случи и дека работите не се одвиваат во позитивна насока. Беше лето, одмори, деловни семинари во текот на месец август. Немавме време еден за друг, не се слушавме по „100 пати“ на ден како претходно, едноставно ги заладивме односите“. Функциониравме одлично како пар неколку години, но во еден момент се случи патиштата да ни се разидат – незаинтересирани бевме еден за друг, сите заеднички зацртани планови и цели за иднината ги откажувавме без некоја посебна причина и објаснување. Дојде септември – месецот кој стави крај на нашата врска.

На ова, Кејт Тајлер – специјалист психолог и советник за љубовни врски, додава: „Точно, летото е период за опуштање, дружење, па и авантури. Кога ќе почувствувате дека нешто не е во ред со партнерот и вашата врска, вие веднаш се посветувате на пријателите, соучениците или колегите. Ситуацијата на Ема не била безизлезна. Но, таа не се потрудила да ја спаси врската, на пример со заедничко летување со нејзиниот партнер, па макар и под услов односите да биле крути и затегнати. Ве советувам за втора шанса, доколку има барем малку заинтересираност.“




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>