Top
vereni

За што треба да разговарате со партнерот пред да стапите во брак?

Стапувањето во брак е навистина сериозен чекор на кој треба да бидете подготвени пред да го направите. Во оваа фаза партнерите мора да знаат многу еден за друг, а пред да кажете „ДА“ треба да разговарате за следните нешта, кои се многу важни за вашата иднина.

  • Деца – основањето на семејство и гледањето на деца е важна тема и мора да се знае дали партнерот е подготвен да стане родител.
  • Пари – со заедничкиот живот се делат финансиите и трошоците, така што мора меѓусебно да ја знаете финансиската ситуација и дали имате заостанати долгови за исплата.
  • Навики - заедничкото живеење не е исто како и излегувањето, кога секој си оди дома. Разговарајте за своите навики, извршувањето на домашните обврски, дневните обврски. Пред сѐ морате да бидете свесни за споделување на животот со некого, и дека без разлика колку се сакате, секој си има предности и недостатоци во карактерот. Важно е да доминира бројот на предности во секој случај.



Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>