Top
ljubovni

Видови на љубовни врски

Колку што постојат мажи на светот, толку видови на емотивни врски постојат: врска која ви го крши срцето, врска на која едвај се сеќавате, врска која ве тера да се запрашате што е тоа љубов… Едните се подобри од другите, а секоја жена поминува барем низ една од овие видови љубовни врски…

Прва љубов
Овој вид на љубов веројатно најмногу боли кога ќе заврши, но кога ќе ја доживеете, чувствувате како целиот свет да ви се променил. Иако веќе не знаете ниту каде е, ниту што прави, ниту како сега изгледа, секогаш ќе го паметите.

Врска однапред осудена на пропаст
Иако пријателите, родителите и целата околина гледа и зборува дека тој дечко не е за вас, а најчесто се во право, вие одлучно сакате тоа сами да го разберете, секако, низ врската со него.

Маѓепсан круг на раскинување и смирување
Неколку месеци сè е супер, па неколку недели не сакате да се видите. Се вртите во тој маѓепсан круг сè додека на еден од вас не му здодее и да одлучи да ја прекине врската засекогаш.

Летна авантура
Дали е во прашање морето, плажата, соцето и топлината, не се знае, но голем број на жени се подготвени за авантура која на море и ќе остане.

Врска во која ќе се залетате верувајќи дека таа е вистинската
Сите ви кажуваат да забавите, но кому му е гајле! Сакате да му кажете на целиот свет дека сте го нашле вистинскиот, правилата не ве интересираат, се залетувате да ги истетовирате имињата на рацете… Единствено за што не размислувате е тоа дека таквата брза љубов, воглавно брзо и згаснува.

Не знаете на што сте
Се забавувате? Или сте пријатели? Иако не знаете каков однос е во прашање, останувате во таа необична врска, бидејќи така е забавно и убаво, а во исто време и малку фрустрирачко.

Врска на која ѝ се смеете со години наназад
Можеби тоа бил маж кој ветувал кули и градови, но иако крајот болел, кога ќе станат позрели и помудри, повеќето жени со смеа гледаат кога се сеќаваат на ваквите врски. Сеќавајки се на тоа колку биле невнимателни, предизвикува гласно смеење заедно со пријателката која знаела за таа врска, но и со цврсто уверување дека таква грешка никогаш повеќе нема да направите.

Платонска врска
Ваквите мажи, жените не ги ни сметаат за поранешни момчиња. Сте се сретнале еднаш, сте ги размениле броевите на телефони, но следните месец дена само сте се допишувале? Во некој момент ова здосадува, па таквите врски обично не прераснуваат во ништо поголемо.

Врска поради која сте го промениле стилот
Од некоја причина сте мислеле дека е време за промена, а несвесно тоа било поради тогашниот партнер. Ваквите врски најчесто остануваат во убаво сеќавање, како и за човекот на кој се сеќавате секогаш кога во гардероберот ќе видите некое парче гардероба кое сте го купиле во тоа време, поради него.

Физичка врска
Мислите дека сте создадени еден за друг, но кога ќе размените неколку реченици, разбирате дека немате ништо заедничко, дури ни тема за разговор.

Таа која дефинитивно изгледа како вистинска
Се мисли на ситуација кога во еден миг помислувате „Ова е вистинската врска!“. Можно е ваквата врска да се заврши со свадба, но можеби е само една во низата на сериозни која ќе ја имате во иднината, но како и да е – ваквите врски долго траат.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>