Top
ex

Дали треба да ја спомнувате неговата поранешна девојка?

Со својот моментален партнер не треба да зборувате и да се жалите од својата претходна врска, ниту пак да го прашувате за неговите поранешни врски. Ако сакате да имате стабилна моментална врска заборавете на муабетењето за екс партнерот, но и за бившите девојки на вашето момче.

Сегашноста ви нуди многу нови ситуации кои треба да ги искусите со партнерот и зошто би зборувале за минатото? Споредувањето на партнерите за многумина е начин како да се запознае новото момче, но тоа е многу погрешно.

Нема човек кој нема свое минато. Минатите искуства нѐ направиле ова што сме денес. Ние зборуваме за минатото, дури и ако не го спомнуваме. Во секоја врска ќе бидат присутни луѓето од минатото, дури и несвесно.

Голем број девојки сметаат дека мора да знаат сѐ за новиот партнер, па често го испрашуваат и ќе чујат нешто што не им се допаѓа. Ако минатото ве интересира за да слушнете дека сте подобри од неговата поранешна девојка, тогаш можете и сами да измислите приказна и во неа да идеализирате се што имате. Ако сакате да ја слушнете вистината, подгответе се за неа бидејќи може да е поразлична од вашата замисла. Доколку разговарате на таа тема, одговорете така што нема да го повредите сегашниот партнер, а нема да „плукате“ по стариот.

Во никој случај немојте да го криете минатото бидејќи тоа може да предизвика сомнеж кај партнерот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>