Top
Za_ili_protiv_letna_avantura_iLike_mk

За или против летна авантура?

Ако одите на одмор со друштво, големи се шансите дека на плажа во некој момент ќе здогледате некој дечко кој ќе собере храброст да Ви се доближи.
Што би направиле во оваа ситуација?

Ако Ви пријде, поголеми се шансите дека ќе Ве покани да излезте. Но, што потоа? Сигурно во таквите моменти ќе Ви поминат милион причини „за“ бидејќи тој е сладок, згоден, шармантен. И „против“ бидејќи одморот трае десетина дена, па што ако се заљубите до уши, што ако нема добар карактер, не го познавате и не знаете ништо за него.

Ако се одлучите да излезете со некого, не претерувајте со алкохол. Потребна Ви е „ладна глава“ и добра моќ за расудување. Ако сте во град кој не го познавате, бирајте места каде што има многу луѓе. Исто така, ако патувате, летувате во странство, водете сметка за локалните обичаи и однесувајте се во склад со нив.

И најважно, ако одлучите да се впуштите во летна авантура, никогаш, ама навистина никогаш немојте да имате односи без кондом!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>