Top
ljubomoren

Што да правите со љубоморниот дечко?

На самиот почеток на врската можеби и ви се допаѓа кога момчето покажува знаци на љубомора. Но, тоа има граница и доколку почне да „полудува“ дури и само ако спомнете друг маж, тогаш доаѓа до нарушување на односите. Здравата, стабилна врска се заснова на довербата на двајцата партнери. Добро е ако се покажува љубомора во одредена мера, бидејќи тоа значи дека тој сака да бидете дел од неговиот живот. Но, за да успее вашата врска тој треба да научи да ви верува.

Запознајте го со своите машки пријатели
Доколку покажува љубомора кога се наоѓате во присуство на вашите машки пријатели, поканете го да дојде на следната заедничка средба. Дозволете му да ги запознае сите ваши другари, при што ќе сфати дека тие ве гледаат како своја родена сестра и на тој начин ќе престане да се сомнева во вас.

Не го провоцирајте
Понекогаш треба да се запрашате дали и вие сте му дале причина за љубомора. Ако имате навика да коментирате за момците кои случајно ги среќавате на улица, тогаш воопшто не е чудо што тој е љубоморен. Ако веќе знаете каков е тој, не правете работи кои ќе го налутат. Пред да направите такво нешто, ставете се во негова позиција и размислете дали би ви било пријатно тој пред вас да коментира за други згодни девојки?

Откријте ја вистинската причина за љубомората
Некогаш треба да се потрудите и да ја дознаете вистинската причина за љубомора. Ако неговата бивша девојка го изневерила, докажете му дека вие сте сосем различна со неа и дека не сте виновни за тоа што таа му го направила. Доколку нема доволно самодоверба за својот физички изглед, давајте му комплименти со кои ќе сфати дека тој за вас е неодолив и единствен.

Направете компромис
Ако партнерот е љубоморен само на еден маж и ако има добра причина за тоа, држете се подалеку од таа личност. Тоа не значи дека треба да ги запоставите или уништите пријателствата кои постојат со години, но ако тоа е некој со кој претходно сте биле во врска, тогаш неговата љубомора е апсолутно оправдана.

Подарете му внимание
Кога сте на забава на кој има толпа мажи, не заборавајте да му посветите внимание на вашето момче. Тоа не значи дека цело време треба да бидете еден до друг, но не е во ред да го занемарувате поради другите.

Разговарајте со пријателите
Ако партнерот е љубоморен на одреден ваш пријател кој секогаш „слободно“ се однесува кон вас, тогаш разговарајте со него. Нема потреба постојано да ве прегрнува кога сте со момчето.

Поставете правила
Апсолутно нема право да ви „забрани“ да се гледате со вашите пријатели додека тој има голем број пријателки. Ако љубомората е без посебна причина, разговарајте со него и поставете правила до кои ќе се придружувате и двајцата. Мора да бидете фер еден спрема друг.

Научете да кажете кога е доста
Ако веќе неколку пати сте се обиделе на љубезен начин да го решите овој проблем и не успеало, време е да ги прекршите правилата. Ставете му до знаење дека неговото однесување е неправилно и дека веднаш мора да се промени ако навистина му значите. Апсолутно е недозволиво да бидете во врска со некој кој постојано ве ограничува со својата љубомора.

Прекинете ја врската
Ако и покрај сите ваши обиди тој не сака да го смени неговото однесување, единствено што ви преостанува е да ставите крај на врската. Не може да бидете во врска во која ќе бидете несреќни.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>