Праќањето на смс пораки е препорачливо во секоја врска, а оние секси смс пораки се одличен начин да ја разгорите страста. Ниту еден маж нема да одбие валкани и секси смс пораки од една жена.
„Само за твоите очи…“
Посесивноста е во машката природа, па оттаму, ќе го распаметите ако му ставите до знаење дека нешто што му се допаѓа кај вас ќе му припаѓа само нему. Направете да почувствува дека вие двајца имате валкана тајна меѓу себе.
„Почекај само малку, да се облечам…“
Оваа порака ќе му направи многу слики во неговата глава. Единствено нешто на кое ќе мисли е вашето голо тело и оние малку парчиња облека кои можете да ги облечете за толку кратко време. Со нетрпение ќе чека да ги соблече од вас.
„Те сонував синоќа“
Самата помисла дека ви се појавува во соништата ќе го асоцира на секси соништа. Не откривајте премногу детали, туку оставете ја неговата фантазија да проработи.
„Вечер кога ќе дојдеме дома…“
Оваа смс порака завршете ја како сакате или пак напишете ја токму вака и оставете го да фантазира што го чека вечерта. Верувајте дека цел ден ќе мисли само на тоа.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!