Top
Love

Зошто ја снемува страста?

Иако љубовта е најважната работа во животот, исто така и страста игра многу важна улога. Кога исчезнува страста, со текот на времето избледнува и љубовта, а никој од нас тоа не го посакува. Ако сте забележaле дека во вашата врска има сѐ помалку страст, можно е за тоа самите да сте виновни, односно некои ваши лоши навики и здравствени проблеми. Еве на кои начини можете да ја убиете страста во врската.

Лоша исхрана
Ако не јадете доволно, тоа може да ви го намали сексуалниот нагон. Тоа е и сосема логично, затоа што со малиот внес на калории, ќе имате помалку енергија која ќе ја трошите на секојдневните обврски.

Помалку сон
И ова е сосема логично. Ако спиете помалку од 6 часа дневно, вечерта најверојатно ќе бидете поспани и нема да ви биде дојдено до секс. Недостатокот на сон негативно влијае и на машкото либидо, затоа што доведува до успорено лечење на тестостерон, што ја намалува желбата за секс.

Стрес
Едно истражување покажало дека стресот и уморот се главни виновници за намалување на сексуалната желба дури и кај 60% од жените, но и кај мажите.

Депресија
Депресијата, исто како и стресот, негативно влијание на бројни аспекти во животот, па така и на либидото, а докажано е и дека некои антидепресиви се одговорни за сексуална дисфункција кај мажите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>