Top

Сенки

Мириса на изговорени зборови,
чекори по неа тој мирис,
се претвори во нејзина сенка.
Сенка со вкус на тежина
и далечно минато со
уште подалечни слатки спомени.
Таа стои, а сенката тивко ја заобиколува.
Не се обидува да ѝ избега
убаво ѝ мириса, мирисот на
нејзината сенка ја потсетува
дека токму таа сенка чекореше
до неговата.
Мириса на нивните сенки во
далечината на спомените…


Доколку пишувате проза или поезија и сакате да ја објавите на iLike.mk контактирајте не на contact@ilike.mk | Автор на Сенки” : Бренда Бочварова

Станете наш facebook фан.




1 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *