Top

Омилените секс пози го откриваат вашиот карактер

Преку сексот можете да откриете што вашиот партнер мисли за вас, колку ви е посветен и какви му се намерите. Паѓаат маските кога страста ќе ве понесе, тогаш нема простор за глума. Доколку сакате да дознаете каков е вашиот партнер и како ве доживува, обратете внимание на неговите манири во кревет, како и на неговата омилена секс поза.

1. БАКНЕЖИ
Доколку бакнува нежно станува збор за несигурен љубовник. Тој всушност не знае и не е сигурен што очекувате од него. Со ваков тип на човек нема да имате жешка ноќ, но очекувајте блискост. Луѓето кои страстно бакнуваат такви се и во врската, страстни.
Тие се сјани љубовници.

2. ПРЕДИГРА
Дали запали свеќи, а во позадина се слушаат тивки романтични песни? Ако партнерот знае да направи вистинска атмосфера за секс тогаш станува збор за “љубовник со диплома”. Ве милува нежно, долго, без престан и ве гледа право во очи. Доволен предзнак дека тоа нема да биде секс за една ноќ.

3. МИСИОНЕРСКА ПОЗА
Љубителите на мисионерска поза припаѓаат на традиционализмот. Со нив очекувајте долга и стабилна врска, но не и возбудлив секс. Психолозите велат дека луѓето кои преферираат мисионерска поза се верни, имаат карактеристики на добар и верен пријател, но не љубат да експериментираат во кревет. Карактерно се позатворени, дури и подготвени да ги осудат своите партнери кои отворено кажуваат дека сакаат жежок секс.

4. ПОЗА ОДЗАДИ
Луѓето кои преферираат секс одзади сакаат сакаат да останат таинствени. Вие не можете да ги гледате во лице и очи, а пак тие ја имаат сета контрола во свои раце. Тоа се луѓе кои ги штедат своите емоции или пак се неемотивни, со нив тешко дека ќе остварите подолготрајна врска. Но, се одлични љубовници.

5. СТРАНИЧНА ПОЗА
Според психолозите, ваквиот тип на луѓе се заинтересирани за вас. Тие сакаат да уживаат во глетката на вашето голо тело и постојано се обидуваат да откријат што се крие зад изразите на вашето лице. Таквите љуѓе се трудат да остават позитивен впечаток и да ви се допаднат. Генерално, овие луѓе се расположени за долги врски. Со малку труд и креативност, од нив можете да направите сјаен љубовен партнер.

6. ВИЕ СТЕ ОДОЗГОРА
Мажите кои преферираат жената да биде одозгора при сексуалниот чин, повеќе од јасно е дека сакаат таа да го контролира нивниот живот или во најмала рака текот на нивната врска. Важат за одлични љубовници. Но, во секојдневието можат да ве оптеретуваат и замараат бидејќи од вас очекуваат да го решите секој проблем. Сепак, со добра взаемна комуникација со нив можете да остварите квалитетна врска.




10 Коментари

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>