Top

Очите на жената – влез во нејзината душа

Женскиот мозок отсекогаш бил комплетна мистерија за повеќето мажи, а женските мисли и гестови се речиси невозможни за дешифрирање. Но, според спроведена студија, дали некој маж ѝ се допаѓа на некоја жена, може да се прочита во нејзините очи.

Оваа студија следела како и каде гледа жената кога маж ќе го воспостави првиот контакт со нејзините очи. Имено тој може да открие дали има шанса за остварување на романса со неа. Авторот на книгата „Повеќе од обичен секс“ Али Кембел вели дека кога маж ѝ се допаѓа на жена, таа го спушта погледот надолу и буквално „шара“ со него. Тој поглед значи дека таа ги проверува своите чувства и емоции. Кембел вели: „Тоа e грал на сите погледи и брилијантен показател дека жената е заинтересирана“. Срамежлив, плашлив, навидум незаинтересиран поглед според мажите значи одбивање и незаинтересираност. Но, напротив, ако жената го избегнува погледот на мажот до 25 секунди, а потоа го погледнува директно во очи, тоа значи дека е заинтересирана за него.

Ако после првиот контакт со очите, кој е инициран од страна на мажот, жената гледа зад него или гледа директно во него, тогаш мажот нема никакви шанси кај неа. Кембел вели: „Ако жената на која сте ѝ пришле гледа над вашата глава, тоа не значи дека се замислува себеси и вас заедно како пар. Директно возвратениот поглед е знак дека треба да се повлечете“. Тој укажува и на други ситни говори на телото на кое мажите треба да обрнат посебно внимание, како на пример дека ако жената ја допира или си игра со својата коса додека разговарате, тоа значи дека ѝ се допаѓате.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>