Top

Како мажите го поднесуваат крајот на врската?

Веројатно и не постои нешто што повеќе ја повредува жената колку што ја повредува мажот кој ја остава. Но, и на посилниот пол не му е лесно. И мажите се плашат дека ќе бидат одбиени од некоја жена за која се заинтересирани. Исто така, тие страдаат кога ќе ги напушти љубената жена, но кај нив тој момент се манифестира многу поинаку отколку кај жените. Кога се случува прекинување на врска кое не е по волја на мажите, тие поминуваат низ неколку фази на тага.

ОДРЕКУВАЊЕ
Откако мажот е оставен или одбиен, најпрво ќе го негира фактот дека не е доволно добар за жената која го одбила или оставила. Тој се обидува да се сети на сите свои добри страни како би се убедил дека грешката не е во него. Но, таквото самоохрабрување не вродува плод. Тогаш настапува следната фаза.

ОПИВАЊЕ
Откако ќе ја раскинат врската или ќе бидат одбиени, мажите сакаат да ги избришат горките сеќавања за таа љубов со големи количини на алкохол. Ги повикуваат своите пријатели да им прават друштво и заедно со нив ја критикуваат својата поранешна девојка, а многу често се случува да ја поминат ноќта со некоја непозната девојка која ќе ја сретнат на местото каде се излезени. Но, обично следниот ден се чувствуваат многу полошо.

СЕКС БЕЗ ОБВРСКИ
Сексот во оваа фаза се чини како решение на љубовниот проблем, а воедно претставува начин за потиснување на чувствата кон лицето кое го сакале. Освен што практикуваат секс без обврски, во оваа фаза гледаат и многу порнографија.

ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ
Во оваа фаза мажите велат дека не сакаат да се заљубат повторно. Одлучуваат жените во иднина да им бидат само љубовници и велат дека нема да дозволат повторно да влезат во емотивна врска.

УШТЕ АЛКОХОЛ
Кога ќе сфатат дека животот без љубов е невозможен, мажите повторно му се враќаат на алкохолот и се обидуваат да го заборават тоа сознание.

ПРИФАЌАЊЕ
Штом ќе почувствуваат сериозен мамурлак и откако ќе заклучат дека повеќе не можат да го поднесат алкохолот, мажите се решаваат да ја прифатат ситуацијата какво што е навистина и да се посветат на некои активности кои ќе им го оттргнат вниманието од скршеното срце. Како што поминува времето, тие сфаќаат дека жената која ја сакаат не била за нив и секако жалат што им било потребно толку време за да го сфатат тоа.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>