Top

Какви мажи сакаат жените?

Некои мажи немаат никаков проблем во пронаоѓање на партнерки, бидејќи тие имаат „нешто“ во себе што ги привлекува жените. Главно, станува збор за нивната сексуална привлечност и тие мажи може да се класифицираат во три групи, односно типови.

Тип 1: СИЛЕН И МАЖЕСТВЕН
Станува збор за моќни алфа мажи, мажи со огромно количество на тестостерон и мускулести мажи кои несомнено привлекуваат внимание. Бидејќи машкоста е она што ги привлекува и „пали“ жените, овие мажи секогаш ќе бидат интересни за женскиот пол. Мускулести мажи, со убав чоколаден тен ја разгоруваат страста на секоја жена.

Тип 2: МАЖИ СО СТИЛ
Елеганцијата, пристојноста, внимателно избраната облека и друштвото, суптилен парфем и галантен пристап во очите на жените изгледа привлечно. Тие не треба да имаат многу нули на сметката, туку доволно е да знаат што сакаат жените, да ги разгалуваат и да ги мазат. Ваквите мажи овозможуваат жените да се чувствуваат сакано, сигурно и безбедно.

Тип 3: ИМА „НЕШТО ПОСЕБНО“ ВО НЕГО
Тоа „нешто посебно“ најчесто се однесува на неговиот секси изглед, убав глас, привлечна насмевка, манири, талент. Овој тип на маж можеби нема прекрасен физички изглед, но овие мали ситници го прават посебен и посакуван кај жените.

 




1 Коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>