Top

Најчести изговори на жените кога не сакаат секс

Без разлика дали жените се во долга врска или во брак, тие многу често бараат по некој изговор за да избегнат секс со својот партнер. Tоа е така, иако како и за секоја друга тема, и за оваа треба да бидете искрени.

Во продолжение, прочитајте ги најчестите наивни изговори на жените со кои ја избегнуваат поканата за секс.

1. „Може да почекаме да заврши серијата?“ – Овој изговор е голем удар за машкото его, кој за секунда ќе го „олади“.

2. „Ќе ги разбудиме децата.“ – Веројатно ова е најчест изговор на жените кои се во брак и имаат деца.

3. „Не се истуширав.“ – Ретко кој маж би ја гледал оваа ситуација како проблем, но жените сепак ја користат.

4. „Уморна сум.“ – Можеби навистина сте уморни, исто како и вашиот партнер. Но, редовниот секусален однос е важен за квалитетна врска или брак.

5. „Ме боли глава.“ – Ова е можеби најпопуларниот изговор на жените кој навистина нема смисла. Ако навистина ве боли глава, напијте се апче.

6. „Ладно ми е.“ – Ако не сте знаеле, сексот е најдобар начин да се загреете во секунда.

7. „Зар не може малку да се галиме?“ – Разменувањето нежности секогаш е добредојдено, но исто така совршено одговара со страстен сексуален однос. Затоа наместо да го користите ако изговор, комбинирајте го со секс.

8. „Не сум депилирана.“ – Уште еден смешен изговор, посебно ако сте во долга врска или во брак. Зар мислите дека на вашиот партнер му сметаат малку подраснати влакненца?

9. „Ме боли стомакот, имам ПМС.“ – Бидете внимателни со овој изговор, бидејќи кога навистина ќе биде така, партнерот нема да ви верува.

10. „Утре морам рано да станам.“ – Секако дека мора да станете рано, но со оглед на тоа што секој ден станувате рано, ова не е и некој добар изговор.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>