Top
romanticna

Како да го натерате да ја изгуби главата по вас?

Познато е дека припадниците на посилниот пол потешко се врзуваат, но ако ги употребите овие трикови тој сигурно ќе ја изгуби главата по вас. Tајната на заведувањето и копнежот лежи во недостапноста и срамежливоста.

ДОЗВОЛЕТЕ ДА ЈА ЗАПОЧНЕ ИГРАТА
Не го правете вие првиот чекор, не иницирајте запознавање и прво излегување, бидејќи мажите сакаат да го превземат првиот чекор. Ако вие сами иницирате и ги договарате сите излегувања, тој со текот на времето ќе почне да ве гледа како пријател, а не како своја девојка и можен животен партнер.

ПОКАНЕТЕ ГО НА ВЕЧЕРА ДОМА
После одредено време во врска, изненадете го и згответе го неговото омилено јадење. Не значи дека треба да станете негов слуга, туку едноставно правете го тоа што ве прави среќни.

ДАВАЈТЕ МУ КОМПЛИМЕНТИ
Мажите сакаат комплименти, бидејќи тоа им ја зголемува самодовербата. Кажете му дека изгледа добро и дека ги цените неговите квалитети и способности.

НЕ ЗБОРУВАЈТЕ ЗА ИДНИНАТА НА ВРСКАТА
Најголем дел од жените сакаат да знаат дали нивната врска има иднина, но мажите не сакаат да зборуваат за тоа. Сакаат да уживаат во сегашноста и да не размислуваат за иднината. Не инсистирајте на разговор и одговор за иднината на врската, туку обрнете внимание на неговото однесување. Сѐ ќе ви биде јасно!




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>