Доколку повеќе не сте заинтересирани за својот партнер или немате доволно време да му посветите, тогаш веројатно вашите чувства кон него почнуваат да избледуваат. Ако сте пред раскинување на врската, не мора да значи дека не може ништо да се спаси. Постојат многу нешта кои можете да ги направите за да ги освежите вашите чувства и да ја спасите врската со партнерот, а тоа е можно само доколку силно го посакувате тоа. Доколку се најдете во ваква ситуација, многу е важно да одвоите време само за себе и добро да размислите што сакате од него и од врската или дали воопшто сакате сето тоа да успее. Пред да го направите следниот чекор, мора да бидете сигурни што сакате.
Мислите дека знаете сè за него
Порано сте успевале да одвоите време само за вас двајцата и да разговарате на многу теми, сте биле искрени еден кон друг и секој ден сте имале интересни работи за кои сте зборувале со часови. Сега имате чувство дека што и да каже вашето момче, вие веќе тоа го знаете и дека тоа не е ништо ново.
Сексот е здодевен
После напорниот работен ден легнувате, се соблекувате и сè е готово за само 10 минути. Страста не постои, а мислите дека тој треба да се потруди и да преземе нешто ново за да ве задоволи. Но, тоа не смее да биде така. За да не стане здодевен, морате да се заангажирате и двајцата.
Имате време за сè, освен за него
Сè ви е поинтересно отколку да одвоите неколку часа за него. Такво чувство имате бидејќи додека сте со него, ве убива монотонија,односно ништо интересно не се случува. Понекогаш се наоѓате во ситуација да седите и да не изустите ниту збор, бидејќи и немате што да си кажете.
Пријателките ви се поинтересни
Со другарките секогаш имате што да си кажете, и каде и да излезете си поминувате најубаво. Со нив ви е многу поинтересно отколку да седите со момчето и да не правите ништо особено.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!