Top
Sreken-par

Тајната за силен и среќен брак

Многу од луѓето дозволуваат нивниот брак едноставно да стане жртва на нивните секојдневни обврски.

Заради големата гужва и оптеретувања со кои сме опкружени, многу е лесно да се заборави фактот дека ја баравме нашата сакана личност меѓу илјадници, ја освоивме, изградивме врска со неа и основавме семејство. Се чини лесно да се заборави колку е важна таа личност за нас и зошто се омаживме за неа. Дури и ако сте дозволиле романсата меѓу вас да го достигне најниското ниво и ако не се сеќавате кога последен пат сте биле со вашата сакана на вечера или сте разговарале за нешто што не е домашна обврска, постојат начини за брзо и лесно да ја поправите ситуацијата. Тајната на долг и среќен брак е во секојдневните напори да ја одржувате вашата врска силна и стабилна.

° Најдете и започнете заедничко хоби. Додека се релаксирате или физички сте активни бидете заедно, спортувајте или гледајте маратонски серии заедно.

° Редовно практикувајте домашни закуски. Вечера само за вас со чаша вино барем еднаш во неделата.

° Разговарајте. Раскажувајте си како сте го поминале работниот ден.

° Зборувајте за своите чувства и емоции, постојано споделувајте идеи и заедно наоѓајте решенија за сите проблеми.

° Не заборавајте ја интимноста. Гушкајте се, бакнувајте се како на почетокот на врската.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>