Сите поминуваат низ тежок период после раскинување на врската и во момент на осаменост често се враќаат во прегратките на поранешниот партнер. Tаквиот погрешен потег од самиот почеток е осуден на пропаст. Во момент на слабост сетете се на сите лоши заеднички моменти и научете да кажете „Не!“. Тоа е полесно да се направи отколку да се каже, а емоционалното разделување од партнерот воопшто не е лесно. Свесни сме дека доколку во мислите се враќаме назад кон поранешниот партнер, може и навистина да се вратиме во неговите прегратки, но ако сте донеле цврста одлука да ја прекинете врската, најдобро е така да остане.
1. Бидете благодарни за убавото време кое сте го поминале заедно, но почнете да барате нови љубовни искуства.
2. Избришете го од телефонскиот именик и од Фејсбук.
3. Избегнувајте ги местата кои со сигурност знаете дека ќе ги посети.
4. Избегнувајте повици, смс пораки и по никоја цена не одговарајте на истите.
5. Останете верни на себе.
6. Преправајте се дека имате херпес, настинка или било што друго, само кажете „Не!“.
7. Дружете се со пријателите и забавувајте се.
8. Во момент на слабост, сетете се на сите лоши моменти.
9. Никогаш не го величете во разговорите со своите пријатели.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!