Top
zaednicki zivot

Дали треба да живеете заедно пред да стапите во брак?

Многу парови кои имаат сериозни и долги врски се прашуваат дали треба да живеат заедно пред или после венчавката. Но, не постои причина да чекате да стапите во брак за да започнете заеднички живот. Во продолжение прочитајте неколку причини кои ќе ви кажат зошто треба да живеете заедно.

Штедите пари
Ако сакате да го делите креветот со својот партнер секоја вечер, тогаш нема потреба да живеете одвоено. Зошто да „фрлате“ пари за два стана, кога со заеднички живот ќе заштедите финансиски средства. Дури и ако не планирате венчавка во блиска иднина, со заштедените пари на пример може да патувате. Освен тоа, ќе научите како да управувате со заедничките финансиски средства.

Подобро ќе се разбирате
Долгогодишната врска со излегување е едно, но делењето на ист животен простор е нешто сосем друго. Кога живеете заедно се гледате себеси од друга перспектива, ги запознавате секојдневните навики на својот партнер и правите нешта кои претходно не сте ги правеле. Морате да бидете подготвени и на неочекувани ситуации и морате да прифатите одредени иритирачки навики на својот партнер.

Договарање околу одговорностите и обврските
Во заедничкиот живот ќе имате многу заеднички одговорности и обврски. Подобро е со нив да соочите пред венчавка. Домашните обврски, готвење, перење, миење садови, плаќање сметки, набавка на потребна храна се само дел од обврските кои треба да ги делите.

Ја тестирате врската
Заедничкиот живот е вистински животен тест. Многу често се случува парови кои долги години биле во врска, а после заедничкиот живот да сфатат дека повеќе не сакаат да бидат заедно. Подобро е тоа да го сфатите пред отколку после одлуката за стапување во брак.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>