Секоја девојка и жена очекува да сретне партнер кој зае што сака и знае да почитува жена или девојка. Во клучните моменти во животот навистина е потребно покрај себе да имате маж, а не момче.
-
Мажот ги поправа грешките кои ги направил. Момчето само се извинува.
-
Мажот ја почитува вашата невиност. Момчето се води само според неговите нагони.
-
Мажот ве почитува без оглед на сè. Момчето ве почитува кога сака нешто за возврат.
-
Мажот прави сè за да се докаже пред вас. Момчето бара оправдување зошто не направил нешто.
-
Мажот е подготвен за иднината. Момчето живее само во моментот.
-
Мажот се труди да ја добие почитта од вашето семејство. Момчето се обидува да биде популарен во ваша околина.
-
Мажот е сосем сигурен во своите верувања и ставови. Момчето истите ги менува во зависност од девојката со која е во моментот.
-
Мажот има интегритет. Момчето не внимава дали може да ги одржи и исполни ветувањата кои ги дава.
-
Мажот ја користи секоја шанса да научи нешто ново. Момчето мисли дека знае сè.
-
Мажот бара многу повеќе од надворешна убавина. Момчето бара убавина која со гордост ќе ја покаже пред сите свои пријатели.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!