Top
pogaca

Брз рецепт за вкусна Велигденска погача

Ако сакате да ја збогатите празничната трпеза со уште еден вкусен рецепт, тогаш мора да ја пробате оваа блага и вкусна Велигденска погача.

Потребни состојки:
– 1kg брашно
– 3 јајца и 2 жолчки
– 250g шеќер
– 2 ќесички ванилин шеќер
– 1 свеж квасец
– 250ml масло или путер
– 500ml млеко
– рендана кора од портокал или лимон
– прстофат сол

Подготовка:
Во сад загрејте 100ml млеко (не смее да биде жешко) и додадете 1 мала лажичка шеќер, 1 мала лажичка брашно и додадете го квасецот. Покријте со крпа и оставете да се крене. Изматете 3 цели јајца и 2 жолчки додека смесата не стане пенеста, потоа во неа додадете шеќер и ванилин шеќер и мешајте додека шеќерот се стопи. Потоа изрендајте кора од портокал и кора од лимон и измешајте. На тивок оган стопете го путерот (да биде топол, но да не почне да врие). Брашното ставете во во сад за месење. Смесата со јајца и шеќер додадете ја во брашното и замесете тесто, а потоа додадете го и путерот, непрекинато месејќи. Додадете прстофат сол и стасаниот квасец, па потоа откако ќе замесите додадете го и млекото и повторно замесете. Тестото оставете го покриено, на топло, додека не се удвои. Откако ќе стаса, размесете го и поделете го на 4-5 еднакви парчиња. Парчињата ставете ги на хартија за печење и оставете ги уште малку да се кренат. Печете 30 минути во загреана рерна на 150 степени. Ако сакате може да направите и сируп за премачкување на погачата од 100ml вода и 2 големи лажици шеќер. Откако ќе ја премачкате погачата, вратете ја во рерна уште неколку минути.

* Можете наместо цела голема погача, да направите неколку мали, плетени погачи.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>