Top
cokoladno-smothie

Оброци во чаша кои ги топат килограмите

Кога избирате храна и пијалоци треба да внимавате тие да ги имаат потребните витамини и минерали кои го регулираат варењето на храната. Доколку сакате да изгубите некој килограм, наместо да гладувате, пробајте ги овие вкусни оброци во чаша кои се одлична замена за појадок или ужина. Освен што ќе ве одржат сити, тие ќе ви пружат енергија и ќе ви помогнат во слабеењето.

  • Чоколаден оброк во чаша
    300мл јогурт со ниска масленост
    2 лажици мед
    ½ лажица екстракт од ванила
    1 банана
    1 лажица путер од кикирики
    1 лажица какао во прав
  • Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека смесата се изедначи и се направи во кремаст пијалок. Во овој пијалок може да додадете мелени бадеми или лешници.

  • Зелен оброк во чаша
    2 шолји спанаќ
    ½ свежа краставица
    ¼ целер
    2 јаболка
    3 моркови
    ½ портокал
    ½ лимон
    малку магдонос и нане
  • Сите состојки се мешаат во блендер сè додека не се соединат. Оброкот може да го пиете за појадок, ужина и вечера.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>