Top
cokoladni-kocki1

Чоколадни коцки со лешници

Доколку сте љубители на чоколадни десерти тогаш мора да ги пробате овие едностави чоколадни коцки за кои ви се потребни само 5 минути, бидејќи не се печат. За нивна подготовка се потребни следниве состојки:
– 4 шолји ситно мелен шеќер
– ½ шолја какао во прав
– ¼ шолја млеко со поголема масленост
– ½ шолја путер
– 2 лажици екстракт од ванила
– 100g пржени лешници исечкани на парчиња

Подготовка:
Земете сад со димензии приближно 10×10 и намачкајте го со малку масло или обложете го со хартија за печење. Шеќерот и какаото измешајте ги во сад кој може да го ставите во микробранова печка. Оваа мешавина прелијте ја со млеко, а потоа додадете го путерот. Смесата затоплете ја во микробранова печка, околу 2 минути, односно додека путерот не се стопи. Откако ќе се стопи путерот извадете ја смесата, додадете го екстрактот од ванила и матете со миксер на најсилна брзина додека не добиете хомогена кремаста смеса. На крај додадете ги лешниците и измешајте. Смесата ставете ја во претходно подготвениот калап и потоа ставете го замрзнувач околу 10 минути.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>