За да направите вкусен сладолед не ви е потребна кој знае каква вештина, ниту пак ви се потребни скапи намирници. Некогаш е доволно да имате фантазија, волја и добар рецепт. За овој сладолед ви се потребни само 4 сосотојки:
– 200g темно чоколадо
– 5 жолчки
– ½ шолја шеќер
– 500ml млеко
Подготовка:
Чоколадото растопете го на пареа. Во друг сад сматете ги жолчките и шеќерот. Потоа, постепено додавајте го млекото и мешајте. Смесата ставете ја во мало тенџерче, додадете го стопеното чоколадо и мешајте ги на тивок оган. Додека не почнала да врие, смесата тргнете ја од оган и оставете ја малку да се излади. Во пластичен сад, смесата ставете ја во замрзнувач. После 45 минути извадете го садот и измешајте го сладоледот. Оваа постапка се повторува до 3 пати, за да не се создадат кристали од мраз и за да добиете вкусен кремаст сладолед.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!