Top
limon

Пијалок кој ги согорува мастите

Вообичаено е она што не е убаво ниту на вкус ниту на изглед, да биде најделотворно. Денес ви презентираме токму таков рецепт.

Потребни состојки:
– 1 лажица јаболков оцет
– исцеден сок од лимон
– изрендана кора од лимон,
– малку мелена лута пиперка
– 250мл. вода

Мелена пиперка
Помага при варење на храната, ја забрзува работатата на метаболизмот и стимулира согорување на мастите.

Лимон
Го забавува таложењето на мастите, а неговата кора содржи поликосанол, соединение кое ги согорува наталожените маснотии.

Јаболков оцет
Помага при разложувањето на мастите во организмот.

Подготовка:
Водата загрејте ја до вриење и со неа попарете ја изренданата кора од лимонот. Оставете да стои 10мин., за кората да ги испушти своите корисни својства. Потоа додадете го јаболковиот оцет, лимоновиот сок и мелената лута пиперка, измешајте го со лажичка и оставете го да се излади.

Пијте ваков пијалок пред и после секој оброк. По желба можете да додадете лажица мед.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>