Top
majka-kerka

Знаци кои покажуваат дека станувате како вашата мајка

Сигурно и вам ви е познато дека со текот на времето секоја девојка почнува да се однесува како својата мајка. Нештата за кои ја советувала конечно добиваат вистинска смисла. Следниве знаци покажуваат дека вие сѐ повеќе се однесувате како неа.

1. На своите деца им велите „Затоа што јас така кажав!“. Речениците кои во детството ве нервирале, сега добиваат смисла.

2. Сѐ повеќе време ви е потребно за да излезете од дома: ја заклучувате вратата, па потоа отклучувате да проверите дали сте ја исклучиле пеглата или шпоретот.

3. Не успевате да се снајдете со новите технологии.

4. Ве погодува моментот кога не ве поздравува продавачот во продавница или кога се однесува безобразно кон вас.

5. Почнувате да гледате серии на телевизија, тврдејќи дека се интересни и дека нема ништо друго на програмата.

6. Пред да одите во продавница, правите список.

7. Ги замолувате луѓето околу вас да го намалат тонот на радиото.

8. Не изглегувате од својот дом пред да ги вратите нештата, кои сте ги користеле за да се подготвите, на свое место.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>