Top
zenski-oci-ilike-mk-f

Жените без шминка се попривлечни во машките очи

За многу жени е незамисливо да излезат од дома без шминка на лицето, но според најновите истражувања жените без шминка делуваат природно и свежо и многу поубаво изгледаат во машките очи.

Психилогот Алекс Џонс од Универзитетот Бангор вели дека луѓето позитивно реагираат на фотографии со жени кои имаат малку или немаат воопшто шминка на лицето. Неговото истражување се темели на акцијата #NoMakeUpSelfie во која жените поставуваат селфи фотографии без шминка.

Оваа акција имала и хуманитарна цел и биле собрани околу милион фунти за борба против рак, а притоа било направено истражување какви жени се најпривлечни според мажите.

Мажите сакаат жени кои имаат минимално ниво или воопшто немаат шминка, додека жените мислат дека се поубави ако нанесат многу шминка. Ова истржување има за цел да им даде на жените самодоверба во поглед на нивниот надворешен изглед и да ги поттикне да го негуваат природниот изглед.




Оставете коментар

Вашата имејл адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *