Превработените луѓе кои посегнуваат по засладени пијалоци повеќе немаат причина за грижа на совеста поради таа честа навика, бидејќи американските научници утврдија дека тие пијалоци помагаат при намалување на стресот.
Во мало истражување научниците на 11 испитаници понудиле засладени пијалоци, а на 8 засладени со вештачки шеќер како аспартам.
Откриле дека испитаниците кои конзумирале засладени пијалоци имале во плунката пониско ниво на кортизол, хормон кој се лачи при стрес, од тие кои пиеле вештачки засладени пијалоци.
– Тоа е прв доказ дека внесувањето на шеќер, а не аспартам може да го намали стресот кај човекот – вели Кевин Лаугеро од калифорнискиот универзитгет за британскиот весник Индепендент.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!