Мет Кулес од Мелбурн започнал еден интересен и мошне амбициозен проект. Тој планира да испие барем по едно кафе со сите свои фејсбук пријатели, а во моментов неговата фејсбук листа брои 1.088 луѓе. Првата кафе-средба ја реализирал на 3-ти септември 2014 година, а оттогаш се видел со 20-тина луѓе.
28-годишниот Мет вели:
Речиси една година размислував околу оваа моја идеја. Бев скептичен, но наидов на позитивни реакции кај поголемиот број од моите пријатели. Кафе-средбата е начин вистински да запознаеш некоја личност. Според моја проценка, ќе ми бидат потребни 3 години за да се видам со сите луѓе кои ја сочинуваат мојата фејсбук пријателска листа.
И сосем логично, младиот Австралијанец ја овековечува секоја средба со фотографија и пишува по некој збор за личноста со која пиел кафе.
Погледнете мал дел од луѓето со кои досега Мет пиел кафе.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!