Top
gubenje-kg

Во зима се качуваат најмногу килограми

Причината за зголемувањето на бројот на килограми во текот на зимата е тоа што тогаш носиме топла облека и помалку обрнуваме внимание на изгледот. Британските доктори велат дека во просек луѓето накачуваат од 1-5 килограми во текот на зимата.

Според нив, луѓето имаат генетски предиспозиции да акумулираат масти кога времето е студено. Под влијание на мелатонинот, кој се нарекува хормон на спиење, луѓето имаат поголем апетит во текот на студените месеци.

Во овие месеци се зголемува и депресијата, а тоа кај многу луѓе резултира со преголемо конзумирање на слатки. Освен тоа имаме намалено ниво на витамин Д, кој го забрзува разложувањето на мастите во телото и затоа докторите советуваат риба најмалку еднаш во неделата.

Во текот на студените месеци значително се намалува желбата за физичка активност, а со тоа и бројот на калории кои ги согоруваме.

Ако сакате да ја задржите линијата, внимавајте на исхраната и вежбајте најмалку два пати во неделата. На тој начин на пролет нема да има потреба да се измачувате со строги диети за да се вратите во топ форма.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>