Top
Luta-hrana-iLike-mk

Слабеење со лута храна

Едно неодамна спроведено истражување само го потврдува она што одамна се знае, односно дека лутата храма помага во слабеењето. Причината за тоа е што лутата храна го стимулира метаболизмот.

Според ова истражување капсаицинот, фенолно соединение кое е одговорно за вкусот на лутата пиперка, може да помогне за согорување на мастите во телото.

Многу луѓе не успеваат да одолеат на слатка или мрсна храна, дури и кога се обидуваат да го намалат внесот на калории. Научниците велат дека капсаицинот може да биде решение на овој проблем бидејќи го забрзува метаболизмот, без да биде потребно да се почитува некаква строга диета.

Капсаицинот активира рецептори во телото кои го стимулираат процесот на трошење на енергија. Тие рецептори се наоѓаат во белите и кафени масни клетки. Белите масни клетки ги согоруваат калориите и ги складираат како масти.

Капсаицинот во лутата храна може да помогне за намалување на ризикот од дебелеење и е добар сојузник во битката со вишокот килограми.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>