Top
silna-zhena

Ситуации во кои се откажуваат и силните жени

Упорностa и трудoт се за секоја пофалба, но понекогаш едноставно време е да кажеме “Доста!”.

Иако сте силна жена која не се откажува и покрај околностите кои се против вас, едноставно треба да се предадете, првенствено за себе и за вашето психичко здравје. Понекогаш откажувањето е најдоброто решение.

Кога знаете дека нема да биде подобро
Без оглед на тоа дали е непријатна ситуација на работа или во љубовна врска, порано или подоцна доаѓа момент во кој ќе го прифатите фактот дека за вашиот проблем едноставно нема решение. Силните жени во овие моменти честопати се обидуваат да го променат непроменливото, но таквото однесување всушност ги оштетува. Мора да престанете да верувате дека ситуацијатата може да биде различна кога интуицијата ви кажува дека тоа никогаш нема да се случи. Во такви ситуации, најдобро е да се откажете.

Кога вашето здравје трпи
Дури и кога комплетно се даваме во позитивни ситуации, тоа не исцрпува. Истото однесување во негативни ситуации има уште поголемо влијание врз нашето психолошко и физичко здравје. Кога ментално или физички се чувствувате уморно, бидејќи со трудот што го инвестирате во решавање на одреден проблем кога вашето тело ви покажува јасно дека му доволно, тогаш е време да се откажете затоа што ништо не вреди толку за да се наруши вашето здравје.

Кога ќе сфатите дека вашите напори нема да бидат наградени
Кога станува збор за бизнис, тешко е да се одлучите за откажување. Сакате да го задржиме нашето работно место по секоја цена, дури и кога сметате дека вашата работа не е ценета. Сепак, тоа не значи дека исчезнува вашата желба за унапредување и подобрување. Ако сте забележале дека вашите напори и посветеност никогаш нема да бидат наградени или често некој друг добива кредит за вашиот успех, можеби ќе треба да ризикувате и да ја напуштите работата. Едно е сигурно, ако останете таму каде што сте, вашето незадоволство ќе расте.

Кога вашите приоритети се менуваат
Со текот на времето, многу нешта се менуваат, а така се вашите цели. Ако одредено прашање повеќе не е ваш приоритет, не мора да чувствувате должност да продолжите да бидете постојано загрижени за тоа. Посветете се на она што навистина го сакате, бидејќи тоа е клучот за вашата среќа.

Кога не сте задоволни
Ако вашата насмевка почнала да отсуствува, време е да ги преиспитате вашите приоритети. Не се занимавајте со други работи, правете го она што ве прави среќни.

Кога во вистинско време ќе се откажете од погрешни луѓе и ставови, вашиот живот ќе биде неспоредливо помалку стресен, а насмевката се повеќе ќе се појавува на вашето лице.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>