Top
Raise your glasses for a toast.

Дополнителни причини да се напиете чаша пиво

Пивото е едно од најпопуларните и најстари алокохолни пијалоци. Тоа е потполно природен и биолошки врамнотежен производ, за кој се вели дека претставува течна храна.

Енергетската вредност на еден литар пиво е идентична со енергетската вредност на еден литар полномасно млеко. Во пивото уживаме поради неговиот единствен мирис и вкус, но треба да знаеме и дека позитивно дејствува врз нашето здравје, секако под услов да се консумира умерено.

ГО НАМАЛУВА РИЗИКОТ ОД СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА
Истражувањата покажуваат дека умерената консумација на пиво го намалува ризикот од срцеви заболувања. Причината за тоа е едноставна. Алкохолот го зголемува нивото на HDL (добриот холестерол) со што се намалува можноста за задебелување на артериите и згрутчување на крвта.

БОГАТО Е СО ВИТАМИН B6
Луѓето кои пијат пиво имаат 30% поголема количина на витамин B6 во крвта од луѓето кои не пијат пиво.

СПРЕЧУВА СОЗДАВАЊЕ НА КАМЕН ВО БУБРЕГ
Љубителите на пиво имаат 40% помали шанси да добијат камен во бубрег. Истражувањата не покажуваат која состојка е заслужна за тоа, но сепак резултатот е импресивен.

СПРЕЧУВА РАЗВОЈ НА РАК
Хмељот содржи ксантохумол, супстанца која уништува одредени ензими кои може да го активираат ракот. Ксантохумолот се тестира во пронаоѓање на лек за рак на простата и рак на дебелото црево.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>