Неверојатно е колку брзо поминува времето. Додека се свестите, малото девојче кое ви седеше во скут и му плетевте плетенки веќе порасна во голема девојка. Таа веќе не е толку мала што секој проблем ќе се реши со чоколатце, фустанче и приказни пред спиење, а од друга страна не е доволно возрасна да ја третира како пријателка. Сепак, она што воопшто не смеете да го правите е да престанете да се интересирате и да престанете да поставувате прашања.
Кои прашања треба да и ги поставувате на вашата ќерка? Оние што се однесуваат на нејзините чувства, мисли и работи што и се случуваат. Ако не знаете од каде да започнете, имајте ги на ум овие основни прашања:
За што сонуваш?
Што те прави тажна?
Што те прави среќна?
На што размислуваш во последно време?
Од што се плашиш?
За што сакаш да разговараме?
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!