Top
nasmevka

Бидете благодарни за она што го имате!

Секогаш кога ќе помислите дека немате среќа и секогаш кога сте тажни, треба да помислите на сѐ што имате и да бидете благодарни за тоа. Во такви моменти, прочитајте го следното на глас и сфатете дека сте многу посреќни отколку што мислите.

„Ако денес сте се разбудиле здрави, имате повеќе среќа од милион луѓе во светот кои нема живи да ја дочекаат следната недела“.
„Ако никогаш не сте преживеале војна, измачување или глад, посреќни сте од 500 милиони во светот“.
„Ако можете да отидете да се молите во храм, без страв од казна, посреќни сте од 3 милијарди луѓе во светот“.
„Ако во фрижидерот имате храна, облечени сте и имате покрив на главата и кревет во кој навечер спиете, имате повеќе среќа и побогати сте од 75% од жителите на планетата Земја“.
„Ако го читате ова, не сте дел од 2-те милијарди луѓе кои се неписмени“.
„Ова го читате на вашиот компјутер или мобилен телефон, а тоа ве прави дел од 16-те проценти луѓе во светот кои имаат пристап до Интернет“.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>