Поврзаноста на дебелината и депресијата е зголемена во адолесценцијата, но пред сè кај припрадничките на понежниот пол.
Студијата објавена во “The International Journal of Obesity”, спроведена на 1500 млади луѓе на возраст помеѓу 11 и 24 години, ја истражувала токму поврзаноста помеѓу дебелината и депресијата. Во повеќе наврати научниците користеле антропометриски мерења и интервјуирале млади луѓе за да утврдат дали кај нив е присутно некакво нарушување. Се покажало дека кај дебелите девојки е зголемен ризикот од депресија и обратно.
Значи, депресијата може да доведе до дебелеење поради зголемен апетит, помалку сон и излежување, додека дебелината може да го зголеми ризикот од депресија поради ниско ниво на самодоверба, социјална стигматизација и намалено движење. Оваа поврзаност не е утврдена кај момците, туку само кај девојките.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!