Top

Патувањата се извор на среќа и позитивна енергија

Пролетта е вистинско годишно време за да отпатуваме на некоја нова, возбудлива и досега непосетена дестинација. Со тоа не само што ќе го збогатиме духот, ќе се ослободиме од стрес и ќе се вратиме со многу позитивна енергија, туку запознавањето на нови предели помага во развивање на мозокот, вели неврологот Пол Нусбаум од Универзитетот во Питсбург.

Според неговите зборови, патувањата и искуствата кои ги стекнуваме тогаш придонесуваат за раст на нови врски во мозокот и ја намалуваат шансата за добивање на Алцхајмерова болест. Кога ќе се изложиме себеси на ново, комплексно окружување, мозокот реагира и почнува да личи на џунгла. Стресот кој патувањето некогаш знае да го приреди, кога не сè се одвива според планот, не само што не го намалува овој ефект, туку истиот и го зголемува. Одреден степен на напнатост е добар затоа што го доведува мозокот во состојба на апсолутно внимание, додава Нусбаум.

Добрата вест е дека не морате да се упатите во освојување на Монт Еверест или некоја европска метропола за да му направите „услуга“ на вашиот мозок. Доволно е за време на викендот да отпатувате на некое ново место, па дури и до работа да одите по некој друг пат. Исто така, би можеле да почнете да учите нов јазик, да имате ново хоби или да се занимавата со спорт.




Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *