Top
shto-mrazat-mazhite-vo-seksot-spored-horoskopskiot-znak

Што мразат мажите во сексот според хороскпскиот знак?

Кога имате секс со некого, тој не започнува и не завршува со предиграта. Сексот трае од првиот бакнеж до моментот кога веќе се облекувате. Затоа, убаво е да се знае што потајно мразат мажите според нивниот хороскопски знак, што ги одбива иако не го признаваат тоа.

Мажот Овен потајно мрази кога жената претерува со безобразни зборови, и тогаш станува многу здодевен во кревет и не ги прави многу од работите за кои таа зборувала, што не е добро.

Мажот Бик не сака кога партнерката премногу брзо поминува низ предиграта. За него, тоа е најдобриот дел од сексот, па затоа не брзајте со Бикот.

Бидејќи мажите Близнаци се подготвени на се, тие потајно не сакаат кога партнерот постојано сака да ја повторува истата сексуална позиција. За Близнаците, разноликоста е се.

Убаво е да си кажете што сакате во кревет, но не кажувајте му на мажот Рак дека нешто греши и не критикувајте го на никаков начин, тоа ќе му ја убие возбудата.

Ако имате секс во тројка или групен секс, никако не игнорирајте го мажот Лав, тоа нема да испадне добро. Сите треба да му посветуваат посебно внимание, и воедно да го фалат неговото тело.

Мажот Девица не сака големи изненадувања во кревет, затоа немојте спонтано да го плеснете по лице или да направите нешто неочекувано. Тоа само ќе ги шокира и ќе им го расипе моментот.

Мажот Вага сака неговата партнерка да се забавува, но не треба да вреска како некој да ја убива за време на сексот – тоа го вознемирува. Можете да правите разумни звуци, само немојте да ги разбудите соседите со вашиот оргазам.

Не сакаме да ви создаваме притисок, но мажот Скорпија потајно мрази кога неговата партнерка не достигнала оргазам. Тој сака да има доказ дека и вие сте си поминале убаво како него и дека наскоро ќе бидете подготвени за втора, или десетта рунда.

Мажот Стрелец е спонтан и сака да ги меша нештата, зашто потајно мрази рутина во спалната соба или закажан секс. Ако нешто било одлично минатиот пат, имајте го на репертоарот, но не повторувајте го секој пат.

Мажот Јарец го сака сексот и е многу сексуално настроен, само не сака кога некој неочекувано ќе му направи нешто неортодоксно. Ако сакате да експериментирате, дајте му до знаење што да очекува.

Мажот Водолија потајно го мрази секој здодевен, традиционален секс. Зошто да се има секс во мисионерска положба секој пат, кога има многу други за пробување?

Сексот за мажите Риби е авантура како бегство од реалноста, па тој потајно мрази кога ќе го каснат за време на орален секс. Обично тоа го враќа во реалноста, значи внимавајте што правите со забите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>