Top
grickanje nokti

Одвикнете се од грицкање нокти

Многу луѓе имаат навика да грицкаат нокти и сите тие знаат колку е тешко да се одвикнат од истото. Без разлика дали тоа го правите како резултат на стрес, нервоза или досада, морате да престанете веднаш. Освен што станува збор за навика која никој не ја сака, грицкањето нокти може да биде опасно за здравјето, може да предизвика деформирање на ноктите, воспаление на кожата, проблеми со забите, тегоби во желудникот, па дури и вирусни инфекции.

Ако сакате да престанете да го правите тоа, пробајте ги следниве едноставни начини за одрекување од оваа лоша навика.
Применете некој од следниве „рецепти“ и најважно, бидете упорни и доследни.

- Два пати дневно држете ги прстите во масло околу 20 минути.
– Допрете лута пиперка со прстите.
– Ставете ги прстите во оцет околу 5 минути.
– Ставете ги прстите во сок од лимон околу 5 минути.
– Истријте ги ноктите со лук.
– Кога сте дома, на секој нокт ставете фластер.

Маслото е одлично за нега на кожата околу ноктите, како и за самите нокти бидејќи ги храни. Ако допрете лита пиперка. не заборавајте да не ги допирате очите и бидете внимателни со децата и милениците. Ноктите сечете ги кратко и не оставајте неправилни „рабови“ кои може да ве доведат во искушение да ги изгрицкате. Кога ќе почувствувате потреба да грицкате нокти, загризете тврди намирници како на пример морков или коцка лед.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>