Top
majka i kerka_iLike.mk

Нешта за кои родителите биле во право

Додека сме биле мали, нашите родители употребувале низа „лаги“ со цел да не заштитат од разни опасности и болести. Но, кога растеме дознаваме како навистина стојат работите, а тие се обидуваат да не научат на лекции што треба да ни помогнат да ги надминете проблемите. Кога ни зборуваат не им веруваме, но подоцна ќе се увериме дека комплетно биле во право.

„Ќе сфатиш кога ќе пораснеш“
Постојат многу ситуации кои мислите дека ги разбирате кога сте дете или пак само од инает тврдите дека сè ви е јасно. Кога во некоја ситуација ви рекле дека работите ќе ги разберете подобро кога ќе пораснете, тоа можеби сте го сфатиле како навреда, затоа што сте биле сигурни дека имате капацитет да разберете. Фрлете поглед наназад и разгледајте ги тие ситуации сега и ќе сфатите дека годините фрлаат сосема ново светло на работите.

„Ќе помине“
Сте минувале низ тинејџерски љубовни проблеми (тогаш ви се чинело дека е крај на светот), проблеми со пријатели или нешто слично и советот кој го добивате е – „ќе видиш, ќе помине“. Тогаш ви делува дека не сте слушнале нешто поглупаво – како може да помине ова ужасно чувство? На крајот секако, тие се потполно во право, затоа што оние кризни моменти што ги минувате ги минале и тие и добро знаат со што се соочувате.

„Трпение, спасение“
Вие сте на работ на нервите и го слушате ова како поддршка. Баш и не делува како некоја поддршка, нели? Во тие моменти не се ни очекува од вас да послушате, уште не ја знаете вредноста на трпението. Подоцна сфаќате што значи. Веројатно сте ја чуле и онаа дека „коцките во животот умеат да се наместат сами“. За да го потврдите тоа потребни се години во кои ќе согледате сè што ви се случило.

„Биди благодарен за она што го имаш“
Додека растете често се споредувате со останатите. Лошата финансиска состојба тешко им паѓа на децата, особено кога се наоѓаат во средина во која многумина имаат повеќе од нив. Дури не мора ни да се наоѓате во тешка финансиска состојба, доволно е некој да има нешто повеќе од вас за да се чувствувате лошо. Во тие години не го сфаќате значењето на оваа изрека. Кога ќе научите како се заработува и колку сопки може да ви направи животот на патот до една просечна заработка, ќе сфатите колку им било тешко на родителите да ви го обезбедат она што сте го имале тогаш и дека тоа е нешто што треба да се цени.

„Најдобрите работи се случуваат кога најмалку очекуваш“
На ова може да се додаде и она, „љубовта ќе ја пронајдеш кога најмалку очекуваш“. Со малото искуство што го имате како дете, немате поим колку работи можат да се случат во иднина, а кои би имале позитивен резултат и тоа без да ги очекувате. Тогаш кога ќе се случат, ќе видите дека во животот постојат многу пријатни изненадувања.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>