Сите ние правиме нешта без одредена причина, и тоа додека сме сами или мислиме дека никој не нѐ гледа.
- Купуваме работи кои не ни требаат само да не изгледа дека сме влегле во продавница по кондоми.
- Се обидуваме да дофатиме работи со нога затоа што нѐ мрзи да се наведнеме.
- Не слушаме што ни зборуваат, но климнуваме со главата, се смееме и велиме „Да, да.“.
- Одиме по улица и ни текнува дека нешто сме заборавиле. Но пред да се свртиме се правиме дека сме видел нешто важно на телефонот.
- Исутраме нервоза на предмети, на пример на компјутер.
- Пееме кога сме сами во автомобил.
- Одиме така што нема да ги згазиме линиите на тротоарот.
- Проверуваме како изгледаме во лифт.
- Кликнуваме SAVE на документот и по неколку пати, за секој случај.
- Се шетаме по дома додека зборуваме на телефон.
- Го земаме телефонот за да видиме колку е саат. Неколку секунди подоцна сфаќаме дека не знаеме колку е саат.
- Бараме паркинг или одредена адреса додека возиме автомобил и секако намалуваме музика зошто мислиме дека тоа ќе ни помогне.
- Се запознаваме со некој и само минута подоцна веќе не му го знаеме името.
- Седиме во тоалет многу подолго од што е потребно и гледаме во телефонот.
- Правиме смешни гримаси пред огледало.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!