Не грижете се ако сте ставиле некој килограм на себе. Ако сакате колку е можно порано да се вратите во стариот конфекциски број, нема потреба да се оптоварувате со диети, туку размислете што не смеете да правите и зошто сте се здебелиле. Овие нешта мора да ги промените.
-
Не прескокнувајте оброци
Одлуката од типот „Од денес веќе не вечерам“ е потполно погрешна. Прескокнувањето на оброци нема да ви помогне да ослабнете. Напротив, поради оваа лоша одлука можеби дополнително ќе се здебелите. Докажано е дека консумирањето на 5 мали оброци во текот на денот го стабилизира нивото на шеќер во крвта и максимално го намалува чувството на глад. Кога ќе почувствувате силен глад, напијте се чаша вода и јадете нешто здраво. -
Не се казнувајте
Честото позирање пред огледало во премали фармерки нема да ви помогне да ослабнете, туку напротив дополнително ќе ве изнервира, што може да направи да јадете од очај. Прифатете ја моменталната состојба и испланирајте како ќе се вратите до стариот број на килограми. -
Не се мерете премногу често
Клучот на паметно и здраво слабеење се крие во доследност и трпение. Токму затоа, избегнувајте го постојаното мерење на вага. Слабеењето е процес низ кој телото мора да помине во одреден временски период. Исто така, килограмите во текот на денот може значително да варираат, па дополнителните килограми на вагата може само да ве обесхрабрат. -
Не практикувајте екстремни диети
Примамливите реклами за производи или пак статии за најпопуларните екстремни диети кои гарантираат нереални резултати преку ноќ заслужуваат едно големо „Не!“. Експресното губење на килограми секогаш е проследено со јо-јо ефект што значи дека изгубените килограми многу брзо ќе се вратат. Тајната се крие во редовни и паметно испланирани оброци. -
Не се фокусирајте на забранетото
Наместо цел ден да размислувате за вкусни јадења кои не смеете да ги вкусите, пренасочете ги мислите кон онаа вкусна здрава храна која потполно сте ја заборавиле, а која е ваш најдобар сојузник во слабеењето.
Станете наш facebook фан. Ви Благодариме!