Top

Која е вашата среќна боја според хороскопскиот знак?

На основ на хороскопскиот знак откријте која боја ви носи позитивни вибрации.

Овен
Црвена – боја на доминација и лидерство кое е карактеристично за луѓето родени во овој знак. Оваа боја е сибол на сила, страст, храброст, активност, оптимизам и енергија. Освен тоа црвената боја аспоцира и на здравје.

Бик
Најсреќната боја за луѓето кои се родени во овој знак е плава. Оваа боја носи мир и спокојство. Плавата боја отсекогаш асоцирала на трпение и спокој што одговара на личностите со овој хороскопски знак. Плавата боја симболизира и искреност и верност.

Близнаци
Жолта – асоцира на радост и леснотија, зрачи со позитивна енергија, помага да се тргнат негативни мисли и депресија. Жолтата се смета за најоптимистична од сите останати бои. Предизвикува комуникација и спонтани истражувања.

Рак
На раковите среќа им носи боја слична на месечина, сребрена, елегантна сива и бела. Сребрената е симбол на хармонија и чист ум. Бела асоцира на спокој и смиреност. Сивата боја влијае на промена на расположението.

Лав
На овие луѓе среќа им носи златната боја, што не е чудно бидејќи лавовите уживаат во убави работи а оваа боја асоцира на просперитет и убавина. За ни среќни бои се и портокаловата и белата. Добро е да ги носат на себе кога се под стрес поради стабилизирање на емоциите и отстранување на негативните мисли.

Девица
На овој знак среќа му носат зелената и кафената боја. Личностите родени во овој знак треба да избегнуваат јаки бои, посебно на облеката и ентериерот, треба да се откружени со пастелни нијанси.

Вага
На овие луѓе среќа им носи светло плавата боја и зелената. Плавата го лекува умот и носи спокој. Светло зелената помага при одржување рамнотежа на умот, а светло плавата се смета за една од најдуховните бои.

Скорпија
Темно црвена боја која симболизира мистериозност а исто така асоцира и на силата и моќта на овој знак. Посебно е важно што оваа боја ги стимулира деструктивните ситиации во кои често се наоѓаат луѓето родени со овој хороскопски знак.

Стрелец
Виолетовата боја им носи среќа на овие луѓе. Светлите нијанси на виолетовата будат романтични чувства, а темните тонови на оваа боја асоцираат на раскош, власт и амбиција.

Јарец
На нив среќа им носи кафената боја како и темните бои во нијанса на земјата. Некој може да ја смета кафената боја за досадна и тмурна, но доколкувнимателно погледне ќе сфати дека тоа е далеку од вистината. Кафената боја симболизира дружељубивост и стабилност, а тоа се особнините по кој се препознава Јарецот.

Водолија
Нивна боја на среќа е бојата на океанот и на небото. Небо – плавата на Водолиите делкува лековито. Таа ги намалува негативните мисли. Позната е и како боја на вистината. Зелената ќе им помогне да ги средат емоциите и да воспостават хармонија со умот.

Риби
За да ја зачуваат внатрешната рамнотежа, да имаат поголема самодоверба и сила на овие луѓе им се препорачува да бидат опкружени со зелена и плава боја. Исто така сребрената боја која ги неутрализира негативностите ќе им помогне да станат истрајни и трпеливи.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *