Top
lutina

Како се одмаздуваат хороскопските знаци?

Исто како и за многу други аспекти во животот, хороскопот има влијание врз она како се одмаздуваат луѓето за навредите и неправдите кои другите им ги нанесуваат.

Овен
Благодарение на неговиот владетел Марс, Овенот нема да оддолее на навреда или на повреда да не реагира веднаш. Кога се повредени, тие се најлошите луѓе на светот. Нивниот темперамент и „ниски удари“ со зборови ќе ги извадат од такт и оние најцивилизираните. Можен е физички напад, фрлање предмети и слично. Нивната освета не е стратешка ниту планирана, но добрата работа е што брзо се смируваат.

Бик
Припадниците на знакот Бик не забораваат ништо, особено не нештата што ги повредиле, разочарале или ги налутиле. Што е најдобро, тие ќе се обидат да скријат колку се изнервирани. Моменталната одмазда не е во нивен стил – тие како воен командант, набљудуваат и го чекаат моментот во кој нивниот противник ќе биде најслаб. Откако ќе ја исполнат нивната одмазда, никогаш веќе нема да имаат доверба и виновникот засекогаш ќе биде на нивната „црна листа“.

Близнаци
Близнаците се мошне непредвидливи, па дури и сами за себе. Ако ги повредите или ги навредите со нешто што е многу важно, ќе го осмислат најзлобниот план на светот – како од филмовите за психопати. Меѓутоа, додека дојде време за извршување на одмаздата, едноставно ќе се предомислат. Од друга страна, може да му објават војна на соседот што случајно им го изгребал автомобилот.

Рак
Припадниците на овој знак се едни од оние што често посегнуваат за одмазда или барем размислуваат за неа. Причината може да биде било каква – затоа што знаат да исконструираат и да надодаваат нешта кај луѓето на кои што им замериле. Со нив е потешко да ги поднесете последиците од нивната одмазда отколку да ги пронајдете знаците, а во момент на лутина може да го исклучат здравиот разум. Колку и да е големо нивното срце во одмаздата може да бидат ужасни.

Лав
Расправија? Која расправија? Лавот често ќе се изненади кога пријателите ќе му кажат дека ги повредил, бидејќи никогаш не размислува за своите постапки. Кога ќе дојде до кавга тој само ќе се повлече. Тој речиси никогаш не им се извинува на другите, но не очекува ниту пријателите нему да му се извинат.

Девица
Девицата простува со јасно извинување. Превртлива е по природа, често пати тврдоглава и злопамтило. Кај неа не е тешко да се извините за своите гревови бидејќи таа често преувеличува сè околу себе.

Вага
Вагата сака да игра топло – ладно. Општо е познато дека таа сака да прави драма околу сè. Било каква кавга во животот нема добро да ја поднесе и можен е колапс на системот. Во еден момент ќе биде подготвена сè да прости, а во наредниот ќе се предомисли.

Скорпија
Ова е најтврдоглавиот хороскопски знак. Често е во состојба да го прекине долготрајното пријателство, бидејќи во него тлее доза на желба за одмазда, но и да им покаже на другите дека со него нема шега. Лутината на овој знак може да трае со години.

Стрелец
Стрелецот смета дека секој заслужува втора шанса. Тој е еден од ретките знаци кои ќе им простат на сите, бидејќи мисли дека секој заслужува втора шанса. Тој секоја приказна ќе ја согледа од сите страни. Ако пријателите му образложат зошто не биле искрени со него и ако види дека не го повредиле намерно Стрелецот без проблем ќе прости.

Јарец
Јарецот ќе се одмазди со злобни трачеви. Тој е исклучително горд и злопамтило и не простува лесно. Сака да озборува и често тие кои го повредиле, ќе бидат на мета на неговите злобни трачеви. Поради тоа повеќето пријатели се плашат да го повредат Јарецот бидејќи знаат дека лесно може да им го уништи угледот. Подмитувањето од било каков вид, со храна, подарок или пари, ќе го расположат овој знак.

Водолија
Водолијата е знак кој ќе им прости на сите свои пријатели бидејќи се смета за исклучително морална и чесна. Но, ако сфати дека одредени пријатели поседуваат лоша енергија и неповолно делуваат на неа, простувањето и понатамошното дружење ќе биде невозможно.

Риби
Рибите се еден од најгордите знаци во хороскопот. Многу тешко ќе им простат на пријателите кои што ги изневериле, а дури и ако простат, едно време ќе бидат на дистанца. Тие се водат со својата интуиција, па ако почувствуваат дека некому треба да му простат, ќе му простат, а ако не, тогаш е подобро таа личност да ја снема од нивниот живот.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>